Ever Given денеска повторно ќе се обиде да помине низ Суецкиот канал

97

Товарниот брод Ever Given, кој во март целосно го блокираше Суецкиот канал, денеска повторно ќе се обиде да го помине тој пат, објави управата на Суецкиот канал. Извор од Управата изјави дека бродот ќе влезе во Суецкиот канал од Порт Саид рано наутро, и дека ќе бидат преземени дополнителни безбедносни мерки.

Ever Given ќе биде придружуван од две влечни возила за време на патувањето низ Суецкиот канал. Ever Given се враќа од Ротердам, каде што пристигна на крајот на јули. Товарниот брод долг 400 метри  заглави во каналот на 23 март, откако силни ветрови го насукаа на брегот.

Операцијата за одглавување траеше шест дена. Светската трговија беше нарушена бидејќи стотици бродови не можеа да го преминат водниот пат долг 193 километри, кој ги поврзува Средоземното Море и Црвеното Море.

Фото: Facebook