Ever Given доби дозвола да го напушти Суецкиот канал

37

Товарниот брод Ever Given доби дозвола да го напушти Суецкиот канал откако е постигната вонсудска спогодба од 550 милиони долари.

Администрацијата на Суецкиот канал на сопственикот на бродот Ever Given и осигурителната компанија постигнаа вонсудска спогодба од 550 милиони долари, наведува Ројтерс.

Бродот, којшто на 23-ти март се заглави во Суецскиот канал пловејќи со брзина поголема од дозволената, доби дозвола да отплови.

Товарниот брод долг 400 метри, еден од најголемите во светот, шест дена беше заглавен во каналот. За тоа време, додека бил блокиран преминот за товарни бродови, танкерите за нафта и течен гас, со што беа загрозени и овој трговски пат и светската трговија.

Фото: Pixabay