Еволуција на малопродажба – влијание на технологија и дигитализација

69

Oд пронаоѓање на вистински медиум за комуникација со купувачи до развој на специјализирани апликација, трговијата на мало во онлајн доба мора да се прилагоди на барањата на пазарот. Просечниот купувач, кој ги усвоил новите технологии, има сè поголеми барања, но подготвен е да купи и троши повеќе.

Токму поради тоа, малопродажбата односно (retail) индустријата, бара практичност, можност за избор и персонализирано искуство за купувачот, што мора да резултира со технолошки адаптации на бизнисот кон новите потреби. Успешните бизниси се соочуваат со задача на насочено истражување и пронаоѓање инспирација надвор од малопродажната средина, како и откривање на технолошки идеи.

Денешните клиенти сакаат сè – веднаш

Од професионалната спортска индустрија, којашто користи виртуелна реалност за да им понуди на навивачите лично искуство, до транспортот каде бизнисот ги поедноставува начините за плаќање и здравствената заштита што нуди посети на виртуелни доктори, технолошките опции имаат огромно влијание врз потрошувачите.

Прогнозирањето на потребите е важен дел од деловното планирање, особено кога станува збор за младите генерации (на возраст од 18 до 24 години), така што откривањето на нивните навики и желби е клучна цел. Околу 75% од миленијалците веруваат дека вештачката интелигенција ќе може точно да ги предвиди нивните барања.

Потрошувачите бараат решенија што ќе им помогнат да заштедат време, за да не мора да чекаат во редици, да одат од продавница до продавница и да бараат паркинг. Покрај тоа, потрошувачите денес се подготвени да платат повеќе за квалитетни производи и позитивно искуство.

Физичките продавници веќе не нудат само изложена облека, тие се место за нови искуства, а вклучуваат и други сетила за престојот во продавницата да биде незаборавно искуство што создава лојалност на брендот.

Фото: Pexels