Евро vs долар

184

На светските пазари, доларот минатата недела достигна повисока вредност во однос на еврото, благодарение на индициите за забрзан економски раст на американската економија, наспроти стагнацијата на европската.

Индексот за американскиот долар покажува дека вредноста на таа валута, во однос на шесте најважни светски валути, е на највисоко ниво во последните четири месеци.

Во исто време, курсот на еврото во однос на доларот се намали за 1,1%, на 1,0830 долари, што е на најниско ниво во последните две и пол години.

Податоците од Европа говорат дека во последното тримесечје од минатата година, економијата на евро зоната порасна само за 0,1%, додека во претходните три месеци растот беше 0,3%. Во исто време, германската економија, што се смета за лидер во Европа, во последните три месеци од минатата година, забележа стагнација, што го подигна стравот од рецесија.

Фото: Pixabay