Европа финансира истражувања, а САД заработува од нивните резултати

Голем дел од истражувањата финансирани во Европа завршуваат кај патентите на американските стартапи, кои го темелат својот пазарен успех врз нив, а Европа не прави доволно за да ја претвори својата истражувачка и иновативна моќ во економски раст, предупреди денес претседателот на германскиот економски институт Ифо Клеменс Фуст.

Фуст, заедно со повеќе од 50 научници, во статија објавена во списанието Science повика на реформа на европското финансирање на истражувањата и иновациите, со цел да се насочат повеќе средства кон проекти кои имаат потенцијал да ги претворат научните откритија во комерцијални производи и услуги.

Американските стартап компании многу често се повикуваат на истражувања финансирани од Европскиот истражувачки совет (ERC), предупредуваат експертите.