Во Европа владее недостиг од градежни материјали, што доведува до пораст на цените, најмногу на дрво и метал. Во овој момент, секторот за изградба на недвижнини се соочува со голем притисок поради зголемените цени на градежните материјали.
Најголем проблем претставува дрвото, за коешто има голема побарувачка во Европа, а каде има голем недостиг, предупредуваат градежници од Австрија.
Пандемијата ја забави испораката на дрво и други градежни материјали, а побарувачката не престанува да расте, што предизвикува пораст на цените.
Фото: Pexels