Европа може да има дигитално евро за четири години

43

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, во интервју за Bloomberg го коментираше воведувањето дигитална валута, која би можела да биде објавена до “средината на оваа деценија“, доколку проектот добие зелено светло во текот на ова лето.

“Мораме да бидеме сигурни дека ќе го сторивме тоа како што треба – им го должиме на Европејците. Да бидеме реални во врска со ова – мислам дека целиот процес ќе трае уште четири години, можеби малку подолго“, предвиде Лагард.

ЕЦБ е пред објавување на анализа со 8.000 одговори на прашањата што ги доби како дел од јавната консултација за потенцијално издавање на дигитална валута од страна на централна банка. Тој ќе биде испратен до Европскиот парламент, а потоа Управниот совет на ЕЦБ ќе одлучи во средината на оваа година дали ќе оди напред со практични експериментални чекори.

“Втората одлука за тоа дали ќе биде пуштена дигитална валута ќе биде донесена шест месеци до една година подоцна“, рече таа.

Фото: Pixabay