Европа прокнижи добивка од 14,2 милиони денари во првото полугодие

49

evropa cokoladi

Акционерското друштво Европа во првите шест месеци од оваа година прикажа вкупна сеопфатна добивка од 14.264.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Европа во истиот период лани работеше со добивка во висина од 6.159.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на компанијата се на ниво од 343.978.000 денари, од кои на домашен пазар отпаѓаат 165.773.000 денари, додека 178.205.000 денари се реализирани на странски пазари.