Европа се враќа во “радарот“ на глобалните инвеститори

42

Вредноста на акциите на компаниите од еврозоната се зголеми оваа година, а инвеститорите веруваат дека таквиот момент ќе продолжи и во остатокот од 2021 година, Financial Times.

Од крајот на минатата година, индексот MSCI EMU составен од компании од еврозоната скокна за 13%.

Благодарение на ваквиот раст, индексот MSCI EMU е на највисоко ниво од јуни 2008 година, поради што денес инвеститорите сè повеќе се оптимисти за вредносните акции на европските компании.

Во неодамнешното истражување спроведено од Bank of America меѓу менаџерите на европски фондови, околу 65 % од испитаниците сметаат дека европските акции нема да го достигнат врвот на нивната вредност до четвртиот квартал од оваа година. Затоа, аналитичарите сметаат дека Европа се враќа во “радарот“ на глобалните инвеститори. Економијата во еврозоната се очекува да закрепне побрзо од коронакризата во следните месеци отколку другите големи економии. Корпоративниот сектор веќе испраќа таков сигнал, пренесува Bonitet.com.

Фото: Pixabay