Европа воведува построги мерки за влез во унијата

31

Европската комисија побара построги мерки за влез во Европската унија. Во ситуација на ширење нови видови на коронавирус и голем број нови инфекции, Европската комисија повика на избегнување и “силно обесхрабрување“ на сите патувања што не се неопходни.

Денеска во Брисел беа побарани дополнителни мерки на границите, и внатре во ЕУ и на надворешните граници, со цел да се запре ширењето на вирусот.

“Тестирањето ќе биде задолжително за сите патници кои влегуваат во ЕУ, вклучително и за оние кои се на таканаречено неопходно патување. Тестот за PCR за влез во ЕУ не постар од 72 часа“, вели комесарот за внатрешни работи Илва Јохансон.

Таа наведува дека дополнителни правила, вклучувајќи самоизолација, карантин и следење на контакти до 14 дена, мора да се применат на патници кои доаѓаат од трети земји, каде што е забележлива циркулацијата на нови видови на вирусот.

“Ние ја поддржуваме одлуката на земјите-членки дека патниците од другите земји-членки не треба да бидат одбиени на границите. Карантинот и тестовите пред или по пристигнувањето може да се применат како мерки. Построги мерки ќе се применуваат за пристигнувања од темно црвени области“, рече европскиот комесар за правда Дидиер Рејндерс.

Комисијата наведува дека ќе има исклучоци што ќе важат за граѓаните кои ги преминуваат границите во рамките на земјите-членки со цел да одат на работа, на училиште или да се грижат за членовите на семејството.

Граѓаните кои доаѓаат од темно црвени зони поради задолжително патување, според предлогот на Комисијата, треба да направат тест пред пристигнувањето и да бидат во карантин.

Фото: Pixabay