Европа за шест месеци прикажа добивка од 26 милиони денари

39

Фабриката за чоколади, вафли и бонбони, Европа од Скопје, во првото полугодие од оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка од 26.070.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првите шест месеци од минатата година, компанијата прикажа добивка од 67.179.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 30-ти јуни оваа година, имаа вредност од 331.206.000 денари. Од тој износ на домашен пазар е реализирана продажба од 147.122.000 денари, додека поголемиот дел од 184.084.000 денари е остварен на пазари во странство.

Фото: Pixabay