Европа “живее“ на социјалните мрежи

40

Стотина милиони жители на Европа следните недели ќе ги поминат во изолација, а нивната реалност се сели на социјалните мрежи. Целта, како што пишува Seebiz.eu, е многу јасна и сериозна, а тоа е намалување на ширењето на коронавирусот.

Но, оваа цел претставува сериозен предизвик за многу луѓе кои времето го поминуваат меѓу четири ѕида, без да одат во канцеларија или социјални контакти. Ако имаат деца, треба да се анимираат, бидејќи не одат во училиште.

Социјалните мрежи претставуваат нова реалност што е скоро неопходен ресурс за вести, размена на искуства, опуштање или жестоки расправии. Twitter, Facebook и Instagram сега се сламка за спас за многумина.

Во Италија, луѓе излегуваат на своите тераси и пеат за да ги развеселат соседите. Снимките од нивните изведби на социјалните мрежи измамуваат насмевки на илјадници лица. Фронтменот на Coldplay, Крис Мартин одржал концерт во својот дом и го пренесувал во живо преку Facebook.

За сите оние кои ги следат сите информации поврзани со коронавирусот, бројот на заразени, епидемиолошки истражувања и слично, Twitter е постојан извор на информации, но и на дезинформации.

За многумина, зголемената употреба на социјални мрежи во последните години значеше поделба и поттикнуваше бес и огорченост, наместо социјализација. Но, како Европа се прилагодува на самоизолација, така постојат знаци дека социјалните мрежи ќе го извлечат најдоброто од луѓето.

Фото: Pexels