Европеец го тргна од тронот, Џеф Безос не е веќе најбогат

303

По известувањето за деловните резултати во вториот квартал, акциите на Amazon, паднаа за 7,6%, па Џеф Безос, како најголем акционер, загуби најмногу – 13,9 милијарди долари. Сега, францускиот магнат Бернар Арно повторно се искачи на тронот на најбогатите.

И покрај фактот што акциите на конгломератот на Арно, LVMH, паднаа за 1,4%, најбогатиот Европеец е посиромашен за “само“ 2,9 милијарди долари, па затоа оваа недела ја затвори со проценето лично богатство од 192,9 милијарди долари, пренесува Forbes.

Французинот го зголеми своето богатство за повеќе од 100 милијарди долари во текот на минатата пандемиска година, но неговиот конгломерат стагнираше со деловни резултати оваа година, особено од почетокот на летото.

Иако акциите на Amazon загубија на вредност, компанијата не работеше лошо, само не толку добро како што се надеваа акционерите.

Фото: Facebook