Европејците помалку работеа минатата година

22

Во 2020 година, бројот на работни часови во ЕУ се намали за 12% во споредба со 2019 година.

Очекуваното просечно траење на работниот век за 15-годишниците во Европската унија (ЕУ) во 2020 година изнесуваше 35,7 години, што е 0,2 години помалку од просекот во 2019 година, покажа истражувањето на Евростат. Ова е првпат од 2000 година оваа институција да забележи пад на очекуваното траење на просечниот работен век.

“На бројот на години на кои луѓето можат да очекуваат да бидат работоспособни (вработени или невработени) за време на нивниот живот, беше под влијание и на корона кризата. Меѓу другото, луѓето кои би биле достапни за работа и барале вработување можеби се откажале од потрагата поради ниските очекувани приноси и, според тоа, биле надвор од работната сила, намалувајќи го очекуваниот работен век“, се вели во извештајот на Евростат.

Очекуваниот работен век на жените се зголеми за 4,5 години, а кај мажите се зголеми за само 2,2 години во истиот период.

Истражувањето покажува дека меѓу државите членки на ЕУ најдолго очекувано траење на работниот век во 2020 година имало во Шведска (42 години), во Холандија (41 година) и Данска (40 години). Статистичките податоци покажуваат дека ова биле единствените три земји-членки на ЕУ во кои очекуваниот работен век бил 40 или повеќе години. Следат Естонија (39,2 години), Германија (39,1 години) и Финска (38,8

Најкраткиот работен век е регистриран во Италија (31,2 години), по што следат: Грција и Хрватска (двете со по 32,8 години), Белгија (33,4 години) и Бугарија (33,5 години).

Фото: Pixabay