Европејците во март купуваа нови коли како пред пандемијата

64

Побарувачката за автомобили во Европа во првото тримесечје од оваа година го достигна нивото од пред пандемијата, благодарение на порастот во март, покажуваат податоците на здружението на европски производители на автомобили.

Во првиот квартал од оваа година, 26 земји членки на ЕУ (без Малта) регистрираа 2,6 милиони нови автомобили, што е за 3,2% повеќе во однос на истиот период во 2020 година.

Зголемената побарувачка во март, за 87,3%, во однос на истиот месец лани, го амортизираше падот во првите два месеца од оваа година. Во март се регистрирани нешто повеќе од милион нови автомобили, како и во декември 2019 година, пред почетокот на пандемијата.

Меѓу четирите водечки пазари, најголем пораст на потрошувачката на автомобили е регистрирана во Италија (28,7%) и Франција (21,1%). Во Шпанија и Германија продолжи негативниот тренд, со пад на побарувачката од 14,9 и 6,4% во однос на истиот период лани.

Фото: Pexels