Европска банка ја “тестираше“ волјата на потрошувачите: Не би се откажале од месо и автомобили поради климата

50

Според неодамнешното истражување за климатските промени спроведено од Европската инвестициска банка (European Investment Bank), само 10% од Кинезите и 19% од Европејците се подготвени радикално да го променат својот начин на живот, со цел да се запрат негативните промени на планетата.

Интересно е што дури 27% од Американците би донеле радикални одлуки. Но, на пример, 40% од Европејците би можеле прво да се откажат од воздушните услуги, од Кинезите 43%, додека во САД е забележан процент од 38%.

На овие нации им е потешко да се откажат од месо, нова облека, автомобили или видео-стриминг. Околу 39% од луѓето од Европа велат дека ќе им биде најтешко да се откажат од својот автомобил, а истото го изјавија 38% од Американците, се вели во соопштението на банката.

Сепак, 72% од Европејците веруваат дека нивното однесување може да придонесе за намалување на негативните ефекти од климатските промени. Јавниот превоз за многумина е минато, поради загриженоста од коронавирусот. Ваков став имаат 75% од Американците, 71% од Кинезите и 67% од Европејците.

Како што пренесува ЕИБ,  повеќето се позагрижени за Ковид-19 отколку за климатските промени. Кога станува збор за воздушниот транспорт, 37% од Кинезите, 22% од Европејците и 22% од Американците велат дека ќе избегнат патување со авион во наредните години поради загадувањето на животната средина.

Фото: Pixabay