Европска држава воведе минимална плата од 2.141 евра

191

Законската минимална плата во Луксембург е зголемена на први јануари и сега надминува 2.100 евра месечно. И пред ова зголемување, Луксембург беше земја со најголема минимална плата во ЕУ.

Минималната плата за неквалификувани возрасни лица е зголемена од 2.089,75 евра на 2.141,99 евра. Минималната плата за квалификувани работници е 2.570,39 евра, што претставува зголемување од 62,69 евра од претходниот период.

Зголемени се и заработките за млади: за ученици на возраст од 15 до 17 години, минималната плата е 1.606,50 евра (зголемување од 39,19 евра), за ученици на возраст меѓу 17 и 18 години 1.713, 60 евра (41,80 евра повеќе).

Минималната пензија е зголемена на 1.892,77 евра месечно.

Фото: Pexels