Европска старт-ап тура: Станица – Лондон

18

1

Старт-ап компании од Македонија, Ерменија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Молдавија, Србија, Словенија и Украина, од 14 до 17 ноември во Лондон имаа 16 средби со инвеститори, претприемачи, посетија акцелератори и коворкинг простори… Овие компании беа дел од европската старт-ап тура во организација на ЦЕЕД Глобал и ЦЕЕД Македонија, а финансирани од РЕГ (Регионален економски раст) проектот на УСАИД.

Целта на организирањето на оваа тура е со посета на најраздвижените старт-ап градови во Европа, претприемачите да добијат претстава за развојот на европскиот екосистем и како се успева на овие пазари. Преку посета на акцелератори, коворкинг простори, фондови, основачи на успешни стартапи и инвеститори, учесниците во турата слушаа за тоа како најдобро да ги искористат ресурсите со кои располагаат, за развој на производите/услугите, проширување на тимот, како се остварува раст.

5

Во октомври беше организирана тура во Берлин, а во Лондон првата станица беа Startupbootcamp, Rainmaking Loft, Launch 22 и Wayra, акцелераторот на  Telefónica, каде фокусот беше ставен на коворкинг заедницата. Rainmaking Loft е хаб што партнерски соработува со сериски претприемачи со канцеларии во Берлин, Лондон и Копенхаген. Startupbootcamp е глобална мрежа на акцелератори и имаат 15 инвестициски програми во 11 земји.

2

Connect Ventures и Ignite Accelerator беа места каде се зборуваше за важноста на искуството на корисниците, како да се расте старт-ап, како да се поврзе заедницата и за предизвиците со кои се соочуваат основачите. Connect Ventures инвестира во стартапи во рана фаза што работат во секторот интернет и мобилна телефонија. Седиштето на компанијата е во Лондон, а инвестира во цела Европа. Ignite е европска мрежа на акцелераторски програми водени од бизнис ангели за технолошки бизниси во рана фаза на развој.

3

Во VC фондовите Notion Capital и Octopus Ventures Investment се зборуваше за процесот на инвестирање, индустриите и бизнисите што се интересни за инвеститорите и како наоѓаат компании во кои да инвестираат.

Четвртиот и последен ден беа организирани средби со успешни претприемачи: Галахад Кларк, сопственик на Vivobarefoot, Јака Левстек, извршен директор на Dlabs и Јозеф Валис, директор на Booxscale.

4

ЦЕЕД (www.ceed-global.org) гради заедници на претприемачи и го поддржува бизнисот преку обезбедување на пристап до ментори, мрежи на контакти, знаење и капитал потребни за раст. ЦЕЕД има преку 30.000 компании во глобалната мрежа и канцеларии во Македонија, Бугарија, Србија, Словенија, Косово, Албанија, Мароко, Тунис, Романија, Ерменија, Молдавија и Бангладеш, како и проекти во уште 10 други земји.