Европска земја четири години тестирала четиридневна работна недела

37

Исланд од 2015-та до 2019-та година тестираше четиридневна работна недела, односно работниците имаа иста плата, а работеа помалку часа. Сега тие ги објавија резултатите кои покажуваат голем успех, пренесува BBC.

Продуктивноста со текот на експериментот останала иста, дури и пораснала на повеќето работни места. Слични тестови се спроведуваа и во останатите делови на светот, како Шпанија и Нов Зеланд.

На тестот во Исланд учествувале повеќе од 2.500 работници, што изнесува околу 1% од работоспособното население на земјата. Сето ова беше поддржувано од градскиот совет на Рејкјавик и националната влада.

Многу работници преминаа од 40 часовна работна недела на 35 или 36 часовна работна недела. Засега 86% од исландската работна сила или веќе имаат преминато на скратено работно време со иста плата или треба да го стекнат тоа право, велат истражувачите.

Работниците изјавија дека се соочуваат со помал стрес, а тврдат дека се чувствуваат поздраво, како и да дека имаат подобра рамнотежа на приватниот и работниот живот.

Фото: Pixabay