Европската економија закрепнува – БДП опаѓа, но бројот на вработени расте

23
Бруто домашниот производ на еврозоната (БДП) падна за 0,6% во четвртиот квартал на 2020 година во споредба со претходниот квартал, според проценката на заводот за статистика на ЕУ, Евростат.
Во исто време, економијата на Европската унија во последните три месеци од минатата година забележа пад од 0,4% на квартално ниво.

Економиите на еврозоната и ЕУ претходно, во третиот квартал на 2020 година, регистрираа силно закрепнување од 12,4% или 11,5%, соодветно, по падот во текот на вториот квартал, најголемото од 1995 година откога се води евиденција.

Среде пандемијата на коронавирус во периодот април-јуни, БДП на еврозоната потона за 11,7%, а економијата на ЕУ за 11,4%.

Статистичкиот завод, исто така објави дека двата региона во четвртиот квартал од 2020 година регистрирале зголемување на бројот на вработени за 0,3% во споредба со претходниот квартал.
Фото: Pixabay