Европската индустрија на метали во ризик: Ја губи конкурентноста на светскиот пазар

87

Според Европската асоцијација за челик, металната индустрија на континентот го намалува производството бидејќи конкурентите од други земји го прошируваат извозот на челик во ЕУ.

Поради поскапувањето на енергенсите, европската метална индустрија ја губи конкурентноста на светскиот пазар.

Производството на челик во Европа веќе падна за пет отсто, а повеќето производители го прекинаа топењето и го одложија повторното активирање на опремата, јавуваат агенциите.

Според Европската асоцијација за челик, металната индустрија на континентот го намалува производството бидејќи конкурентите од други земји го прошируваат извозот на челик во ЕУ.

Високите цени на гасот и струјата се закануваат да ја намалат профитабилноста на европската челична индустрија – наведува Геополитика.

Странските производители, во исто време, не подлежат на исти скокови на цените на енергијата, што им овозможува да го зголемат извозот во Европа во споредба со домашните производители.

Затоа „металците“ очекуваат властите на ЕУ веднаш да преземат мерки за стабилизирање на енергетскиот пазар, бидејќи во спротивно ќе биде загрозена одржливоста на европската метална индустрија.

Металурзи на обоени метали, како што се олово, бакар, цинк, алуминиум, како и металурзи на црни метали, железо, манган…

Според рускиот аналитичар Сергеј Гришунин, кризата може да доведе до затворање на третина од сите европски капацитети, вклучително и повеќето капацитети за производство на челик со електрични печки, пренесува рускиот медиум Комерсант.

Ваквите фабрики сочинуваат 42 отсто од вкупното европско производство на челик.