Европската комисија бара повеќе пари од членките на ЕУ

Европската комисија (ЕК) ги повика земјите од ЕУ да уплатат повеќе пари во заедничката каса на блокот преку нов наменски прилив на приходи, кој се пресметува врз основа на профитот на компаниите кои работат во секоја земја.

ЕК наведува дека „тоа не е корпоративен данок, туку национален придонес што го плаќаат земјите-членки врз основа на бруто оперативниот суфицит за финансискиот и нефинансискиот корпоративен сектор“, пренесува Ројтерс.

Комисијата предложи владите на земјите од ЕУ да уплатат 0,5 отсто од вредноста на профитната основа на компанијата што работи во нивната земја во заедничката каса на Европската унија.