Европската комисија ja тужи  AstraZeneca

58

Европската унија (ЕУ) потврди дека поднела тужба против производителот на вакцини за коронавирус AstraZeneca, за непочитување на договорот за набавка на вакцини против Ковид-19.

“Европската комисија започна судска постапка во петокот (23 април) врз основа на повреда на претходно утврден договор за продажба. Причината за ова е што некои услови од договорот не беа исполнети и компанијата не беше во позиција да претстави сигурна стратегија што ќе обезбеди навремено доставување на дози на вакцини “, потврди портпаролот на ЕК Стефан Де Керсмакер.

Судската постапка е покрената од Европската комисија во име на институцијата, но и во име на 27-те земји-членки на Европската унија.

Кертсмикер подвлече дека е важно за европските институции да обезбедат брза испорака на доволен број дози на вакцини “на кои имаат право европските граѓани и кои им се ветуваат врз основа на договор“.

AstraZeneca предизвика негодување во ЕУ во јануари, кога соопшти дека нема да може да ја достави количината на вакцини за кои првично се обврза. До крајот на првиот квартал, таа испорача 30 милиони дози во земјите на ЕУ, а не 100 милиони, колку што беше договорено и тој недостаток се одрази врз кампањите за вакцинација низ цела ЕУ.

Фото: Facebook