Европската комисија ќе предложи поголемо оданочување на енергетскиот сектор

86

Европската комисија предлага дополнително оданочување на профитот на соларните и нуклеарните централи, како и на биомасата и отпадните електрани. Европската комесарка за енергетика Кадри Симсон во Европскиот парламент најави дека Комисијата ќе предложи обврзувачка цел за намалување на потрошувачката на електрична енергија и дополнително оданочување на енергетскиот сектор со цел да се намали притисокот врз домаќинствата и компаниите соочени со рекордни цени на енергијата.

Комисијата во среда треба официјално да го претстави целиот пакет мерки за сузбивање на рекордно високите цени на гасот и струјата.