Европската комисија подготвува нови даночни правила поради Pandora Papers

31

Европската комисија ќе претстави нови законски решенија против затајување данок до крајот на годината, изјави  еврокомесарот за даноци Паоло Џентилони.

Џентилони им рече на пратениците дека Комисијата ќе продолжи да се бори против даночно затајување и ќе предложи нови правила за зголемување на обемот на информации што автоматски се разменуваат меѓу националните даночни власти.

Дискусијата за даноците беше вклучена во агендата на Европскиот парламент откако истекоа даночните податоци, за затајување на данок  од Pandora papers. Оваа документација покажа колку богатите и влијателни лица продолжуваат систематски да отвораат оф -шор компании за да ги намалат даночните сметки.

За потсетување, последниот ден од минатиот викенд, голем број медиумски куќи објавија извештаи кои вклучуваат милиони документи кои го покажуваат скриеното богатство на многу светски лидери и познати личности, како и сите методи што ги користеле кога станува збор за затајување данок. Повеќе од 600 новинари од 117 земји со месеци ги пребаруваа датотеките од 14 извори, а резултатите беа објавени под единствен документ – Пандорини документи.