Европската комисија предлага полесна трговија на ЕУ со Македонија и 19 земји

65

Европската комисија усвои пакет предлози кои имаат за цел зголемување на трговијата меѓу ЕУ и соседните земји од Пан – евро – медитеранскиот регион, меѓу кои и С. Македонија.

Со овие предлози се менуваат билатералните преференцијални договори на ЕУ со Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, Швајцарија, Фарски острови, Турција, Египет, Израел, Јордан, Либан, Палестина, Грузија, Молдавија, Украина, Албанија, БиХ, С. Македонија, Црна Гора, Србија и Косово.

Според ЕК, измените се прават со цел да се придонесе за побрзо економско закрепнување по избувнување на пандемијата на коронавирус.

Од ЕК наведуваат декаќе ги модернизираат преференцијалните трговски договори на ЕУ со 20 трговски партнери членки на PEM, што ги прави правилата за потекло во тие договори пофлексибилни и поповолни за тргување.

Фото: Freepik