
Предлогот на Вашингтон за воведување реципрочни царини е неоправдан, изјави денеска портпаролот на Европската комисија.
„Веруваме дека ниту една од потенцијалните мерки што досега ги предложи американската администрација не е оправдана“, додаде портпаролот, пренесе Ројтерс.
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека оваа недела ќе воведе реципрочни царини, како и општи царини од 25 отсто за увоз на челик и алуминиум.