Европската мрежа на бизнис ангели прославува 20 години постоење

40

Фото: EBAN

Европската мрежа на бизнис ангели (European business angels network – EBAN) ќе ја прослави својата 20-годишнина од постоењето на шести март во Европскиот економски и социјален комитет во Брисел, од 14:00 до 18:30 часот. На настанот ќе присуствуваат основачите, поранешни и сегашните претседатели, членови на Одборот на здружението, членови на EBAN и други акционери од раната фаза на екосистемот.

Од нејзиното основање во 1999 година, EBAN  ги претставува бизнис ангелите низ цела Европа и работи на поддршка и развој на европскиот пазар во рана фаза. Одбележувањето на годишнината ќе содржи воведни говори и панел дискусии за тоа како работата на бизнис ангели напредувала во последните 20 години. Ќе се зборува и за улогата што EBAN ја имала и за предвидувањата за инвестиции од овој тип во следните 20 години.

Главни говорници на настанот ќе бидат Кристин Шрајбер директор на COSME Programme и SME Policy, Оскар Фарес, раководител на Business Angel Investments во Европскиот инвестициски фонд и претседателите на EBAN Emeriti: Питер Јунген, Антони Кларк, Пауло Андрес и Кендис Џонсон. 

Панелисти ќе бидат Руди Ернут виш економист во DG GROW и ко-основач на EBAN, и Кристијан Саубленс поранешен извршен директор на  EURADA и член на одборот на EBAN, како и почесните ангели инвеститори од EBAN за значителен придонес во локалните екосистеми: Ханзи Хансман, претседател на Австриската Асоцијација на бизнис ангели, Андреас Михаловиц, претседател на Marbella Tech Angels, и Том Шулц ко-основач на AQAL Capital. Агендата на настанот со целосната листа на говорници ќе биде објавена наскоро со дополнителен придонес од претседателот на EBAN Питер Каули, директорот на секретеријатот на  EBAN Јакопо Лосо и претседателот на EESC Employers’ Group, Јацек Кравчик. 

“Среќни сме што ќе го прославиме овој голем јубилеј со нашите членови, партнери и заедницата. EBAN одигра клучна улога во развојот на европскиот екосистем во раната фаза и со нетрпение очекуваме да ја ревидираме работата што е направена во последните 20 години, како и да истакнеме што следните две децении ќе придонесат за екосистемот на бизнис ангели и претприемачи”, изјави Питер Каули, претседател на  EBAN.

Гостите треба да го потврдат своето присуство на следниов линк.