
Добрата извозна перспектива, првенствено на европскиот пазар, го разбуди оптимизмот во долго нестабилната германска автомобилска индустрија.
Индексот на општата деловна клима во индустријата се зголеми за 0,2 поени во јануари, на сè уште длабоко негативни минус 19,6, пренесува ДПА.
Економскиот институт IFO го припишува поместувањето на очекувањата за наредните месеци, кои се подобрија за 2,8 поени од декември. Индексот на моменталната состојба во автомобилската индустрија се намали за 2,5 поени.
Побарувачката од Европската Унија ја охрабрува индустријата, изјави аналитичарката на IFO Институтот, Анита Волфл.
Имено, германските производители на автомобили, делови и опрема очекуваат силен раст на извозот на пазарот на ЕУ. Индикаторот за тие очекувања скокна на 8,7 поени во јануари, од минус осум во декември.
„Судејќи според книгите за нарачки, внатреевропското работење игра одлучувачка улога“, изјави Анита Велфл.
Компаниите од германската автомобилска индустрија сега ја оценуваат сопствената конкурентност на европскиот пазар многу поповолно: оценката се зголеми за 13,9 поени од октомври, на 15,4.
Од друга страна, падот за истите 13,9 поени, на минус 31,3, укажува на сè помрачна слика за светскиот пазар. Германските компании го губат својот глобален статус во светот надвор од Европа, рече аналитичарот на Институтот IFO.
Фото: Pixabay











