Европската унија, Египет и Израел потпишаа договор за набавка на течен природен гас

43

Европската унија, Египет и Израел денеска потпишаа договор за зголемување на испораката на течен природен гас за земјите од ЕУ, кои се обидуваат да ја намалат зависноста од испораките на гас од Русија.

Според договорот, кој беше потпишан во Каиро, Израел ќе испрати повеќе природен гас преку Египет, кој има капацитет да го претвори во течен гас и да го извезува, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, пренесува АП.

Договорот ја обврзува ЕУ да им помогне на Египет и Израел да го зголемат производството на гас и истражувањето во нивните територијални води. Засега не се открива колку гас ќе увезе ЕУ од овие две земји.