Европската комисија издаде нова обврзница во износ од 8,5 милијарди евра за да ги заштити работните места и задржи луѓето на работа. Станува збор за издавање на трета заедничка обврзница на ЕУ на меѓународниот пазар на капитал, со цел да се соберат при за санирање на последиците од кризата со Ковид -19 во секторот пазар на труд.
Европската комисија во име на Европската унија кон крајот на октомври и почетокот на ноември издаде прва и втора социјална обврзница во износ од 17 и 14 милијарди евра.
По исплатата на приходите од обврзниците кои се досега издадени, 15 држави членки на ЕУ ќе добијат 40 милијарди евра од трите трансакции во периодот од крајот на октомври до крајот на ноември.
Фото: Pixabay