
Европската Унија потрошила 1.720 милијарди евра за здравствена заштита во 2023 година, што е околу 10 проценти од бруто домашниот производ (БДП), објави Евростат.
Статистичкиот завод на ЕУ наведува дека Германија регистрирала највисоко ниво на тековни расходи за здравствена заштита меѓу земјите од Европската Унија, кое изнесувало околу 492 милијарди евра.
По нив следуваат Франција (325 милијарди евра), Италија (179 милијарди евра) и Шпанија (138 милијарди евра). Во однос на нејзиниот бруто домашен производ, Германија, исто така, регистрирала највисок сооднос, бидејќи тековните расходи за здравствена заштита биле еквивалентни на 11,7 проценти од БДП.
Франција е на второ место (11,5 проценти), а Австрија и Шведска се трети (и двете по 11,2 проценти), објавува Танјуг.
Спротивно на тоа, тековните расходи за здравствена заштита учествувале со помалку од седум проценти од БДП во Луксембург, Романија (и двете по 5,7 проценти), Унгарија (6,4) и Ирска (6,6).












