Европски град ги симна од тронот азиските градови : Kаде е најбезбедно да се живее денес

193

Светот, сепак, целосно се промени во последните години поради глобалната пандемија и кризата во Украина, како и значењето на терминот „сигурност и безбедност“.

При одредувањето на најбезбедните градови, се разгледува дигиталната и здравствената безбедност, инфраструктурата, личната безбедност, како и заштитата на природата и животната средина. Кои се најбезбедните градови во светот?

Досегашната пракса беше првите места на листата да се резервирани за азиските градови како Токио, Сингапур и Осака, но тоа се промени па оваа година европски град ја зазема првата позиција.

Копенхаген за прв пат е прогласен за најбезбеден град во светот. Следи Торонто, а на третото и петтото место се Сингапур и Токио. Сиднеј е на четвртото место.

Во Копенхаген континуирано се работи на подобрување на безбедноста на граѓаните, што се рефлектира во ниската стапка на криминал, урбаната безбедност и превентивното делување на властите. Во Копенхаген секој треба да се чувствува безбедно, без разлика дали е дете или постар човек, маж или жена, дел од ЛГБТ или дел од кое било друго малцинство, нагласува градоначалникот на Копенхаген, Ларс Вајз.

Најбезбедните градови во светот за 2022 година се:

1. Копенхаген

2. Торонто

3. Сингапур

4. Сиднеј

5. Токио

6. Амстердам

7. Велингтон

8. Хонг Конг

9. Мелбурн

10 . Стокхолм