Европски град не сака да му се вратат туристите

Иако одреден број жители на Европа веќе може да патуваат низ континентот, градоначалникот на Амстердам со нетрпение им порачува на посетителите да се држат подалеку од неговиот рад. Стравот дека гужвите може да предизвика нов бран на Ковид-19, ги става локалните власти во необична позиција да се обидуваат да ги спречат туристите да го посетат нивниот град, пишува Travel magazine.

“Ако сакате да дојдете, размислете двапати околу тоа“, вели Фемка Халсем во интервју, апелирајќи до туристите да ги избегнат гужвите, а посебно центарот на градот во текот на викендите.

Инаку, Амстердам веќе одамна се бори со гужвите, откако евтините летови го направија градот популарна викенд дестинација. Пред да се појави пандемијата, познатиот кварт во Амстердам со таканаречените црвени фенери, продавниците на марихуана и живописните канали секој месец привлекуваат над милион посетители. Локалното население што брои помалку од милион жители одамна започна иницијатива што има за цел да го ограничи бројот на посетители во градот. Репутацијата на city break дестинација ги троши ресурсите и буквално ги брка жителите од центарот на градот.

Во Амстердам постои ризик од ширење на заразата, бидејќи големиот број туристи не би можеле да ги почитуваат правилата за држење социјална дистанца. На продавниците во строгиот центар на градот им се забранува продажба на алкохол од четврток до недела, што би требало да трае до први септември.