Европски градови со најмногу инвестиции во стартапи

26

Стартапите сè повеќе се присутни на бизнис сцената, а инвеститорите сè почесто се во потрага по нови идеи коишто имаат голем потенцијал да прераснат во успешни бизниси. Европската старт – ап сцена во измнинативе години бележи пораст, а ја “предводи“ Велика Британија во којашто се реализираат една третина од вкупните инвестиции.

Според веб страната Startup Heat Map, којашто врши анализи на развојот на европските стартапи, Лондон е на прво место со инвестирани пет милијарди евра во повеќе од 650 “рунди“.  По него, следуваат Париз и Берлин како градови чиишто стартапи се најпривлечни за инвеститорите.

Листата топ десет изгледа вака:

Лондон – пет милијарди евра

Париз – 2,3 милијарди евра

Берлин – 2,2 милијарди евра

Тел Авив – 1,2 милијарди евра

Стокхолм – 910 милиони евра

Барселона – 880 милиони евра

Хамбург – 480 милиони евра

Минхен – 430 милиони евра

Амстердам – 400 милиони евра

Берлин – 390 милиони евра

Фото: Pexels