Европски и американски потрошувачи сакаат електрично возило, проблем им е цената

59

Европски и американски купувачи сè повеќе сакаат да купуваат електрични автомобили, но и понатаму проблем им е нивната цена, покажало истражување.

Уделот на купувачи кои размислуваат да купат целосно електрично возило значајно се зголеми, покажа годишната анкета на компанијата OC&C Strategy Consultants, во чиј увид имаше Ројтерс.

Во периодот од декември до јануари компанијата спровела истражување меѓу повеќе од 7.500 потрошувачи на глобално ниво.

Во Велика Британија, Франција и Италија повеќе од половина од испитаниците размислуваат околу тоа нивниот следен автомобил да биде на електричен погон. Слично се изјасниле скоро пола од испитаниците во Германија и САД.

Нивниот удел значително порасна минатата година, посебно во Велика Британија и САД, каде уделот на граѓаните кои сакаат да купат електричен автомобил порасна за 81 и 61%.

Потрошувачите и понатаму се загрижени за цената на тие автомобили, коишто се поскапи од истите модели со погон на внатрешно согорување.

Понудата и инфраструктурата за полнење помалку ги загрижува од пред една година, покажало истражувањето, а најголема пречка и понатаму им е вкупниот трошок за набавка.

Фото: Pexels