Европскиот регулатор за финансиски пазар ги критикуваше рејтинг агенциите

26

EUЕвропскиот регулатор за финансискиот пазар (ЕСМА) ги критикуваше агенциите за оценка на кредитниот рејтинг поради бројните неправилности во процесот на одредување на кредитната способност на земјите, пренесува Франс прес.

Како што се наведува во соопштението, истрагата што ја спровел Европскиот регулатор утврдила бројни неправилности во процесот на одредување на кредитниот рејтинг на земјите, а тоа, заклучува регулаторот, може да претставува ризик за квалитетот, независноста и интегритетот на рејтингот на земјите.

Со истрагата се утврдил конфликтот на интереси во процесот на одредување на рејтингот, заштитните мерки кои обезбедуваат оценките на рејтингот да останат тајни до објавувањето, како и адекватноста на лицата кои го одредуваат рејтингот.

Европскиот регулатор за финансискиот пазар, како што соопшти, е загрижена за независноста во процесот на определување на кредитниот рејтинг во американските агенции Standard & Poor’s, Moody’s и Fitch кои контролираат 90% од рејтинг пазарот.

Од истрагата утврдиле дека во одделни случаи високото раководство на рејтинг агенциите давало инструкции со кои се одредувал рејтингот на земјите.

„Во најмалку еден случај, главните аналитичари добиле експлицитни упатства и мислење од повисоките раководители во врска со рејтингот на земјите“, констатира  ЕСМА.