Европскиот суд ја казни Словенија со 750.000 евра

63
Person waving the flag of Republic of Slovenia

Судот на правдата на Европската унија ѝ наложи на Словенија да плати казна од 750.000 евра бидејќи навремено не ги пренела измените во националното законодавство, поврзани со европските директиви од 2016 година за пазари на финансиски инструменти и затоа што за тоа не ја известила Европската комисија.

Европската комисија ја тужи Словенија во 2018 година, кога стапија на сила измените на Директивите за пазари на финансиски инструменти. Измените се однесуваат на заштита на финансиски инструменти и имот на клиенти, што според аргументите на Комисијата е важен дел од системот.

Земјите членки на ЕУ имале рок до трети јули 2017 година да ги имплементираат директивите во националното законодавство и за тоа да ја информираат Европската комисија.

Фото: Freepik