Европските автомобилски компании бараат инфраструктура за електрични автомобили

51

Европските производители на автомобили се спремни значајно да ја намалат емисија на штетни гасови до 2030 година ако земјите на Европската унија се обврзуваат да изградат места за полнење на електрични автомобили, порача Европското здружение на производители на автомобили.

Владите на земјите членки на ЕУ се согласија до 2030 година повеќе од двојно да ја намалат емисијата на штетни гасови. За да биде постигната таа цел, Европската комисија планира да ги ажурира еколошките стандарди за автомобилската индустрија.

Производителите на автомобили сакаат европските прописи да бидат поврзани со инфраструктурни цели, а таа би вклучила и полначи за струја и водород.

Фото: Freepik