Европските берзански индекси бележат пад, нафтата и пченицата поскапеа

Европските берзански индекси денеска се во пад, а во исто време е забележан и скок на цените на нафтата и пченицата.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот падна на 16.500,07 поени, лондонски FTSE 100 на 7.553,03 поени, францускиот CAC 40 на 7.357,89 поени, а московскиот MOEX на 3.166,94 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones падна на 37.592,98 поени пред денешното отворање на берзата, додека вредноста на Nasdaq индексот се искачи на 14.972,76 поени, а вредноста на S&P 500 на 4.783,83 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 72.784 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 78.282 долари.

На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 29,905 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2.048,71 долари за унца (унца е еднаква на 28,35 грама), а цената на пченицата порасна на 5,9774 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,09192, што е за приближно 0,27 отсто помалку од вчера.