Европските берзански индекси главно се во пораст, како и цените на златото и на пченицата

Денеска европските берзански индекси се претежно во пораст, американските индекси се нерамномерни, а цената на златото и пченицата истовремено растат. Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 10:15 часот порасна на 16.549,55 поени, исто како и францускиот CAC 40 – на 7.391,20 поени и лондонски FTSE 100 – на 7.517,63 поени. Московскиот MOEX падна на 3.110,29 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна на 36.124,56 поени пред денешното отворање на берзата во САД, како и вредноста на индексот S&P 500 – на 4.567,18 поени, додека вредноста на индексот Nasdaq се зголеми на 14.229,91 поени.

Европските фјучерси на гас се продаваа денеска на отворањето на берзата ТТФ по цена од 38,165 евра за мегават-час.

Цената на златото порасна на 2.022,34 долари за унца (унца е 28,35 грама), а пченицата исто така поскапе на 6,2092 долари за бушел (бушел е 27,216 кг), пренесува Танјуг.

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,07933, што е приближно исто како и вчера.