Европските берзански индекси измешани, цените на нафтата растат, златото и пченицата паѓаат

Европските берзански индекси денеска се мешани, цените на нафтата пораснаа, додека на пазарите истовремено е забележан пад на цените на златото и на пченицата.

Во четврток Евростат ќе ги објави најновите податоци за економскиот раст во еврозоната и нејзините клучни економии Германија и Франција, а Европската централна банка ќе донесе одлука за натамошната монетарна политика.

Американската централна банка, ФЕД, ќе ја објави својата одлука за каматната стапка во среда, а компаниите како Мета, Мајкрософт и Тесла ќе ги пријават своите приходи, додека Apple ќе ги објави деловните резултати во четврток, пренесува CNBC.

Индексот на Франкфуртската берза DAX во 9:30 часот порасна на 21.339,23 поени, британскиот FTSE 100 на 8.525,63 поени, додека францускиот CAC 40 падна на 7.892,81 поени, а московскиот MOEX на 2.883,17 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс се искачи на 44.713,58 поени пред денешното отворање на берзите во САД, додека индексот S&P 500 падна на 6.012,28 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 19.341,83 поени.

Според сегашните берзански податоци, цената на суровата нафта порасна на 73.604 долари, а на нафтата од типот брент на 77.597 долари.

Европските фјучерси на гас за февруари се тргуваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 48.370 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2.737,94 долари за унца, а на пченицата на 5,3518 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Forex изнесува 1,04285, што е за 0,61 отсто помалку од понеделникот.