Европските берзански индекси нерамномерни, цената на нафтата, златото и пченицата паднаа

20

Денеска европските берзански индекси се нерамномерни, американските индекси се во пораст, додека на берзите истовремено паднаа цените на нафтата, златото и пченицата.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот падна на 18.158,73 поени, исто како и францускиот CAC 40, на 8.151,54 поени, додека лондонски FTSE 100 се искачи на 7.902,94 поени, а московски MOEX на 3.829 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс се искачи на 39.781,37 поени пред денешното отворање на берзата, индексот S&P 500 на 5.241,53 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 16.401,84 поени.Според податоците на берзата, цената на суровата нафта нафтата падна на 80.795 долари, а цената на нафтата „брент“ на 85.395 долари.

Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 26.450 евра за мегават-час.
Цената на златото падна на 2.167,46 долари за унца (унца е еднаква на 28,35 грама), а цената на пченицата падна на 5,4324 долари за бушел (бушел е 27,216 килограми). Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08246, што е за 0,33 отсто помалку од четвртокот.