Европските берзански индекси претежно растат, во очекување на одлуката на ЕЦБ за каматните стапки

Индексите на европските берзи денеска се претежно во пораст, американските индекси во пад, златото поскапе, а на пазарите истовремено е забележан пад на цената на нафтата и пченицата.

Евростат денеска ќе ги објави најновите податоци за економскиот раст во еврозоната и нејзините клучни економии Германија и Франција, а Европската централна банка ќе ја објави својата одлука за натамошната монетарна политика во 14 часот и 15 минути.

Пазарите генерално прогнозираат дека ЕЦБ ќе ја намали основната депозитна стапка за 25 базични поени на 2,75 отсто, а ова очекување го поттикнува растот на европските акции, пренесува CNBC.

Во САД, ФЕД вчера одлучи да ги остави каматните стапки на исто ниво, а пазарот реагираше со пад, иако таквата одлука беше очекувана.

Франкфуртската берза DAX во 9:30 часот порасна на 21.677,75 поени, францускиот CAC 40 на 7.895,46 поени, московскиот MOEX на 2.955,37 поени, додека британскиот FTSE 100 падна на 8.555,45 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones падна на 44.713,52 поени пред отворањето на берзите во САД денеска, индексот S&P 500 на 6.039,31 поени, а вредноста на Nasdaq индексот на 19.632,32 поени.

Цената на американската сурова нафта WTI падна на 72,565 долари, а на европскиот брент на 76,453 долари.

Европските фјучерси за гас за февруари се тргуваа по 51.100 евра за мегават-час на отворањето на лондонската берза ICE за холандскиот центар ТТФ.

Цената на златото се искачи на 2.772,39 долари за унца, а цената на пченицата падна на трговската берза во Чикаго на 5,6227 долари за бушел (27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Forex изнесува 1,04223, што е приближно исто како и во средата.