
Европските берзански индекси денеска бележат претежно пад, нафтата од типот „брент“ се продава за околу 82 долари за барел, а во исто време е забележан и значителен пораст на цената на пченицата.
Франкфуртската берза DAX денеска во 9 часот падна на 18.671,45 поени, лондонскиот FTSE 100 на 8.365,25 поени, францускиот CAC 40 на 8.124,15 поени, додека московскиот MOEX се искачи на 3.439,82 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones се искачи на 39.872,99 поени, S&P 500 на 5.321,41 поени, а вредноста на Nasdaq индексот на 16.832,62 поени.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 77.852 долари, а на нафтата „брент“ на 82.080 долари.
На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 32,825 евра за мегават-час.
Цената на златото падна на 2.416,55 долари за унца, а цената на пченицата порасна на 7,1355 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08611, што е приближно исто како во вторникот.











