Европските берзански индекси претежно во пад, цената на златото скокна

12

Денеска европските берзански индекси се претежно во пад, а истовремено е забележан и скок на цената на златото. Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:10 часот падна на 18.263,76 поени, лондонски FTSE 100 на 7.893,55 поени, московски MOEX на 3.280,32 поени, додека францускиот CAC 40 се искачи на 8.151,6 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс пред денешното отворање на берзата падна на 39.313,64 поени, индексот S&P 500 на 5.218,19 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 16.384,47 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 81.686 долари, а на нафтата „брент“ на 86.558 долари.

На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 28 евра за мегават-час.

Цената на златото порасна на 2.172,12 долари за унца (унца е еднаква на 28,35 грама), а цената на пченицата порасна на 5,5320 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08410, што е приближно исто како и во понеделникот.