
Европските берзански индекси денеска растат, американските индекси паѓаат, додека на пазарот истовремено е забележан раст на цените на нафтата, златото и пченицата.
Привршува многу нестабилна недела на берзите, во која доминираат глобалните трговски тензии, пренесува CNBC.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера се закани дека ќе воведе царини од 200 отсто за вино, шампањ и други алкохолни пијалоци од Европската унија.
Трамп во објава на социјалните мрежи предупреди дека ќе воведе царини за европскиот алкохол доколку Европската унија не го укине данокот за американското виски, објави Блумберг.
Властите во Брисел го оданочија американското виски за да се одмаздат на царините на Трамп за челик и алуминиум кои стапија на сила во средата.
Индексот на Франкфуртската берза DAX во 9:30 часот порасна на 22.550,11 поени, британскиот FTSE 100 на 8.551,28 поени, францускиот CAC 40 на 7.946,43 поени, а московскиот MOEX на 3.162,70 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones падна на 40.813,57 поени пред отворањето на берзите во САД денеска, индексот S&P 500 на 5.521,52 поени, а вредноста на Nasdaq индексот на 17.303,01 поен.
Според сегашните берзански податоци, цената на суровата нафта се искачи на 67.149 долари, а на нафтата од типот брент на 70.424 долари.
Европските фјучерси на гас за април се тргуваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 40,925 евра за мегават-час.
Цената на златото порасна на 2.989,65 долари за унца, а на пченицата на 5,6184 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Forex изнесува 1,08472, што е приближно исто како во четвртокот, пренесува Танјуг.











