Европските берзански индекси растат, а Гренланд е во фокусот

Европските берзански индекси денес се во пораст, како и цените на нафтата и пченицата со истовремен пад на цените на златото, додека инвеститорите се фокусирани на геополитичките тензии околу Гренланд и гласањето на европските лидери за трговски договор со јужноамериканскиот блок Меркосур.

Некои членки на Европската Унија се загрижени дека овој договор ќе создаде нелојална конкуренција за европските земјоделци, а се забележува дека позицијата на Италија ќе биде клучна за исходот од ова неизвесно гласање.

Инвеститорите ги анализираат и податоците за германскиот трговски биланс и очекуваат податоци за стапката на невработеност во Соединетите Американски Држави, кои ќе бидат објавени во 14:30 часот, пренесува CNBC.