Европските берзански индекси растат, порасна и цената на нафтата

19

Европските берзански индекси денеска растат, американските паѓаат, а во исто време е забележан и скок на цената на нафтата и златото.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:30 часот порасна на 17.452,75 поени, лондонски FTSE 100 на 7.694,82 поени, францускиот CAC 40 на 7.937,76 поени, а московскиот MOEX на 3.219,45 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта порасна на 77.855 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 82.774 долари.

Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 24.050 евра за мегават-час.

Цената на златото порасна на 2.036,98 долари за унца (унца е еднаква на 28,35 грама), а цената на пченицата падна на 5,7661 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).