Европските берзански индекси растат, се очекува одлуката на ФЕД за каматните стапки

Денеска европските берзански индекси се во најголем дел во пораст, како и цената на златото, а во исто време е забележан и пад на цената на нафтата.

Американската централна банка ФЕД вечерва во 20 часот ќе ја објави одлуката за референтните каматни стапки, што ќе влијае на движењата на берзата.

Индексот DAX на франкфуртската берза денеска во 9:30 часот порасна на 16.980,20 поени, францускиот CAC 40 на 7.693,23 поени, московскиот MOEX на 3.205,26 поени, додека лондонски FTSE 100 падна на 7.657,54 поени.